Велите Грција ги вратила маските. Од што се плашат? Од што се плашиме сите ние? Само од една работа – пребукирање на здравствениот систем. Независно колку е добар или богат, нема држава која може да се пофали дека има богат здравствен систем. Најбогатите здравствени системи ги ограничуваа условите за примање на пациенти, вели директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ во емисијата „Топ тема“.
Според неа, здравствените системи во побогатите земји работеле со оние пациенти кои имале најголеми шанси за да им помогнат и да ги излекуваат.
Оние со мали шанси за преживување воопшто не ги примаа во болница. Во однос на вакцините, таа е корисна и се однесува на минимализирање на бројката на луѓе кои се заразат со тешка клиничка слика. Ние сме генерација која е вакцинирана со вакцини кои ни од далеку не биле вака испитани и софистицирани како денешните. Сепак и со нив искоренивме многу болести, потенцира Стевановиќ.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.