Доктор Никола Пановски смета дека новата мерка која предвидува влез во угостителски објекти само за лица кои примиле две дози нема да придонесе за имунизација кај населението.
Луѓето, особено младите се снајдоа, имаат сертификати од други лица и слободно влегуваат каде сакаат. Четири месеци имунизирани со една доза влегуваа секаде иако немаа развиено имунитет во првите две недели по прием на дозата. Со самото тоа што сертификати добиваа лица кои немаа развиено имунитет, таа мерка немаше медицинска оправданост. Дури сега добива медицинска оправданост. Се разбира тие што примиле прва доза, веројатно примиле и втора. Затоа сметам дека за оние што до сега не се имунизирале, оваа мерка нема да има ефект, односно нема да ги натера да примат прва доза сега, ако до сега не примиле.
Пановски предлага да се воведе онлајн настава за децата во декември и да се затворат ноќните клубови со цел да не се зголеми бројот на заразени лица.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.