Д-р Никола Пановски вели дека омикрон варијантата тешко дека некој ќе ја избегне, но болеста полесно поминува кај оние кои веќе прележале ковид и кои се вакцинирале против корона вирусот.
Во гостувањето во емисијата Студио 10 на ТВ 24, професорот посочува дека дури една третина од тестирањата се асимптоматски случаи.
Бројот на денови за изолација треба да биде 7 дена, многу малку ќе придонесеме за ширење на болеста, и најважно е тоа што болеста кај прележаните и вакцинираните полесно поминува. Доколку некој праша дали ќе биде заштитен од омикрон тоа е многу тешко бидејќи сите ќе го прележиме. Некој на нога ќе го помине, особено што според податоците на Институтот за јавно здрвје покажуваат дека 30 проценти од тестираните досега се асимптоматски случаи. Замислете колку луѓе има кои што одат на работа, не се тестираат и се позтивни. И ако го промениме прагот на излоација, тогаш треба да се затворат сите установи, појаснува професорот Пановски.
Според него делта варијантата се уште доминира во Македонија, бидејчи, како што вели, стапката на смртност поради компликации од ковид во Македонија е високо на врвот во светски рамки.
-Делта доминира. Останува дека нашата смртност е далеку прва во светот. Тука има влијание вакцината, начинот на лекување. Процентот на починати, пред се заради протоколи и правилно лекување и стекнатите искуства се гледа дека се намалува во светот. Моментално имаме четири милиони дневно заразени. Кривата оди нагоре. Имаме околу 10.000 смртни случаи на ден. Процентот на починати во светот е помал. Мислам дека се заштитени оние кои се прележани во пеиридот ноември декември и ако примиле во истиот период трета доза, нагласи професорот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.