Од прилика имаме околу 30 мутации на ковид 19 кои може да ни предизвикаат проблеми и во прашање да ја доведат ефикасноста на вакцините.Новиот сој, Омикрон веќе е пристигнат во Европа, кај и да е, кај нас може да се појави за еден месец, вели во разговор за „Локално“, епидемиологот Сашо Олумчев, раководител на Центарот за јавно здравје во Гевгелија.
Според досегашните студии како што објаснува тој Омикрон е двапати позаразен од Делта и Алфа сојот, а таргет група се младите луѓе.
Досега од она што е познато е дека тој ги напаѓа помладите меѓу 20 и 30 години и не би било чудно неговото ширење да биде токму кај оваа група на луѓе и кај нас со оглед на тоа што оваа популација на граѓани ни е најмалку вакцинирана. Младите се во постојан контакт преку дружби и прашање е колку тие се придржуваат до носењето маски и држењето дистанца.Досегашните студии велат дека тој е двапати позаразен од делата и алфа сојот, а по симптоматологијата од студиите од Јужна Африка се покажува дека нема некои сериозни симптоми кои се разликуваа и тука настанува проблемот во дијагностиката, објаснува Олумчев.
Епидемиологот напоменува дека докторите ќе треба многу да внимаваат при прегледите и неговото детектирање.
Целиот разговор на „Локално“
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.