Д-р Игор Мерџаноски, хирург супспецијалист трауматолог од Клиниката за трауматологија во своето гостување на Магазин на Сител ТВ се осврна на хируршкиот третман на болести и повреди на рбетниот столб.Во однос на обуките, хирургот Мерџаноски информираше дека подолго време не се упатени на нитуедна обука.
Јас 2013-2014 година бев упатен од страна на Министерството за здравство на обуки, но тие обуки се укинаа и не знам зошто се укинати. Друго е кога нашите млади кадри кои се заинтересирани за оваа проблематика не одат самоиницијативно. Една ваква обука е голем трошок.Апелирам повторно да се почне со овие обуки, да се обноват контактите во интерес на нашите пациенти. Нашата визија е да направиме Центар за спинална хирургија во поширок обем со тоа што ќе можеме да ги згрижиме пациентите посоперативно и со згрижување да ги рехабилитираме.Кај нас, неколку хирурзи на Клиника стои како една црна точка да нашите пациенти немаат потреба да одат на рехабилитација во странство или било каде. Тука во државава да ги третираме – заклучи тој.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.