Здравствениот систем ќе функционира непречено за време на Самиот на ОБСЕ, само со засилени капацитети, изјави денеска заменик министерката за здравство Маја Манолева.
За Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.
Дополнително, дадено е известување до сите јавни здравствени установи, да имаат дополнителни екипи во приправност, ако се зголемат потребите за дополнителна здравствена услуга, во кадар, простор и опрема, нагласи Манолева.
Таа соопшти дека Министерството за здравство во изминатиот период презело повеќе активности во однос на организацијата на здравствената дејност по повод Министерскиот совет на ОБСЕ и во однос на здравствената заштита на населението.
Заменик министерката информираше дека во однос на Самитот на ОБСЕ, од Министерството за здравство номинирано е едно лице за контакт кое ќе биде во постојана комуникација со организацијата на Самитот.
Тоа лице ќе ги координира евентуално потребните активности за здравствена заштита на некои од учесниците на Самитот. Освен ова, од најголемите здравствени установи, јавни и приватни, номинирани се одреден број на лица кои исто така во рамки на тие установи ќе ги координираат евентуално потребните активности, појасни таа.
Манолева додаде дека службите на Итната медицинска помош се распоредени на одредени стратешки точки. Редовната служба на ИМП нема да биде засегната и таа ќе биде на располагање на населението, преземени се повеќе возила од околните градови.
Јавните здравствени установи согласно одлуката на Влада, не влегуваат во препораките за прекин на работното време денеска после 12 часот и утре.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.