Руската докторка Наталија Круглова тврди дека доматот е најефикасен за одржување на имунитетот во текот на сезоната на грипови и коронавирусот.

Доматот содржи ликопен, моќен и важен антиоксиданс за човекот. Тој го штити организмот од делување на слободните радикали кои можат да предизвикаат заболување на кардиоваскуларниот систем, како и онколошки болести. Благодарение на ликопенот се активираат заштитните клетки на имуниот систем, објаснила докторката.

Како што вели таа, единствениот состав на доматот е витамин Ц, диетални растителни влакна и бетакаротен, а тие го прават зеленчукот исклучително корисен за очите, кожата, косата и ноктите.

Меѓутоа, својството на доматот во голема мера зависи и од начинот на кој се подготвува. На пример, витаминот Ц при загревање се разградува, за разлика од ликопенот. Тој антиоксиданс го има повеќе во пирето од домати наместо во свежиот зеленчук.

Докторката објаснила дека сепак овој зеленчук е контраиндикативен за лица со воспаленија на гастроинтестинален тракт или пак индивидуална нетолеранција на овој производ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.