Мајмунските сипаници почнаа да се шират во Европа, а најпогодени се Португалија и Шпанија, каде што беа регистрирани нови случаи.
Страв од ширење на новата болест постои во регионот и Европа, а епидемиологот д-р Драган Даниловски за „Студио 10“ ја смирува ситуацијата.
Целата работа со мајмунските сипаници ми личи како на една лоша драма. Мислам дека премногу силно се изреагира од светските здравствени агенции, нашите медиуми. Јавноста ја крена топката многу високо и сега сите се во вчудоневидување. Дали е мутиран вирус, ќе му направат мутација и ќе стане опасен, тоа се дел од коментарите, но јас мислам дека нема простор за страв, вели д-р Даниловски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.