Сојот омикрон, иако се уште не е потврден во земјава, стручните лица предупредуваат дека “веќе тропа на вратата“ и прашање на време е кога ќе официјално ќе биде регистриран и кај нас.
На ова укажува и епидемиологот Драган Даниловски вели омикрон кај нас неизбено ќе се појави за неколку недели.
Нема потреба од паника, но дека состојбата треба да се следи во случај да се превенира, предупредува тој.
Во оваа фаза на пандемијата кај нас, од 10 ноември досега, ефективниот репродукциски број постојано бележи тренд на намалување под 1 (и сега е околу 0,85), што покажува дека стапката на имуност на населението е, многу веројатно, преку 75 проценти (вкупно прележани и вакцинирани со две дози). Ова значи дека имаме мошне цврст бедем на популациско ниво, кој е доволен да стави крај на короната (дневно јавување на спорадични случаи) до крај на зимата. Вака би било ако би останал само делта сојот, објаснува тој за Нова Македонија.
– Засега е јасно дека не само што е позаразен, туку може да го забиколи и веќе стекнатиот имунитет. Оттаму, сега сите имаат ризик да се заразат! Добра вест е што првите информации укажуваат на полесна клиничка слика, иако треба да се почека уште две-три недели за посигурни заклучоци. Тоа е причината што јас се залагав и сѐ уште сум на ист став, дека навлегувањето во земјата треба што повеќе да му се забави, за да купиме време, да видиме како навистина се однесува на терен во други земји. Како да се забави? Или со ПЦР тест за секој што влегува во земјата, независно од вакциналниот статус или со карантин од 14 дена, посочува Даниловски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.