Лидерот во шпанската ракометна репрезентација Алекс Душебаев го прифати советот од лекарите да паузира и нема да игра на Европското првенство во јануари 2022 година.

Десниот бек на Шпанија ќе мора да оди на операција на крајот од сезоната. Ракометарот оваа повреда ја влече од Летните олимписки игри, каде и помогна на својата репрезентација да ја освои бронзата, но сепак ќе треба да паузира и покрај неговата желба да заигра за националниот тим.

Рамото му прави проблеми веќе неколку месеци и ќе го спречи да се појави на континенталниот собир, кој ќе се одржи во Унгарија и Словачка.