Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ, ако нема поголеми изненадувања, во следните 48 часа ќе стане нов играч на Јувентус. Тој ќе потпише за италијанскиот великан во кој пристигнува од Фиорентина за 75 милиони евра.
Истиот износ Фиорентина го бараше од Арсенал, Њукасл, Тотенхем и Атлетико Мадрид, но никој од споменатите клубови не можеше да издвои толкава сума за Влаховиќ.
Јувентус очигледно оцени дека може, а на италијанската јавност не и е баш најјасно на која основа е донесена таа пресметка.
Според пишувањата на „Скај Спорт Италија“, Влаховиќ ќе потпише за Јувентус, а договорот ќе биде до 2026 година и ќе биде вреден седум милиони евра нето годишна плата. Т.