Пеп Гвардиола одлучи на овој меч да играат двајца дебитанти од првата минута. Станува збор за египетскиот напаѓач Омар Мармуш и стоперот од Узбекистан Абдукодир Хусанов. Хусанов беше речиси трагичар. Тој беше директно одговорен за голот на Челзи, а минута подоцна доби и жолт картон. Сепак, ја имаше поддршката од Гвардиола.
„Не му е лесно. Еднаш тренираше со нас и веднаш потоа играше против Џескон, Палмер, Мадуек, Санчо… Кога ќе купиш толку млад играч, неговата интеграција и адаптација е процес. Тој ќе научи. Ваквите постапки се најдобрите лекции што може да ги добие еден млад играч“, изјави Гвардиола.
Познатиот стручњак даде хумористичен одговор на прашањето дали помислил да го извади Хусанов по пет минути.
„Па, морам да научам руски или узбекистански за да комуницирам со него. Имено, тој не зборува англиски!“ се насмеа Пеп.
Текстот Духовит Гвардиола: Би го заменил Хусанов да знам руски е превземен од МАКФАКС.