Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак (36) се повреди во синоќа на почетокот на натпреварот против Аргентина (33:18) во второто коло на Светското првенство.
Дувњак ја напушти играта во осмата минута и со солзи во очите замина во соблекувалната, со помош н лекарскиот тим.
Ракометниот сојуз на Хрватска, потврди дека капитенот на националниот тим има повреда на потколеницата.
„По прегледот со магнетна резонанца, потврдена е повредата на потколеницата на капитенот Домагој Дувњак. Поради ова тренерот Дагур Сигурдсон го повика Игор Карачиќ и тој треба да се приклучи на репрезентацијата на 18 јануари 2025 година“.
Ситуацијата во моментов е комплицирана, лекарскиот тим на Хрватска не може да каже дали капитенот ќе игра до крајот на турнирот. Сигурно е дека ќе го пропушти утрешниот дуел со Египет.
Во најлошото сценарио оваа повреда би значела дека овој турнир е завршен за Дувњак, а со тоа и неговата репрезентативна кариера. Ова е негово последно големо натпреварување со репрезентацијата.
Текстот Дувњак се повреди против Аргентина, нема да игра до крајот на СП е превземен од МАКФАКС.