Цените на нафтата пораснаа за осум отсто на денешното отворање на берзите по вчерашната одлука на ОПЕК за намалување на производство на 1,16 милиони барели дневно.

Advertisements

Фјучерсите на нафтата „Брент“ за последен пат „скокнаа“ за 5,07 отсто на 83,59 долари за барел на таквата вест, а фјучесрите на американската нафта „Вест Текас“ пораснаа за 5,17 отсто на 79,59 долари по барел.

Доброволното намалување на производството ќе почне од мај и ќе трае до крајот на оваа година, објави Саудиска Арабија, објаснувајќи ја одлуката како мерка на претпазливост која е насочена кон стабилизација на пазарот на нафта.

Потегот на ОПЕК следуваше по одлуката на Русија да го намали производството на нафта за 500.000 барели дневно до крајот на 2023 година. И останатите членки на ОПЕК најавија намалување на дневното производство на нафта.

Прикажи повеќе