Ракометната репрезентација на Хрватска ја совлада Словенија со 29:26 во последниот натпревар од групата 4 на Светското првенство. Со оваа победа Хрватска го освои првото место во групата. Меѓу три селекции со ист број на бодови, Хрватите имаа најдобра гол разлика. Второто место го освои Египет.

Натпреварот не започна добро за Хрватска. Речиси полни осум минути хрватската репрезентација не постигна гол, а прими пет. Словенците одржуваа водство меѓу четири и пет гола, но со серија од 4:1, во која од Матео Мараш постигна три гола, Хрватска стигна до -2 во 23. минута.

Словенците поведоа со 15:12 во 26. минута, но Хрватска го заврши полувремето со серија од три гола и на одмор замина со резулта 15:15. Само што се огласи сирената, дојде до конфликт меѓу играчите, а овие грди сцени го завршија првото полувреме.

На почетокот на вториот дел се играше гол за гол. Словенија водеше со 16:15, 17:16, 18:17, а водството од 19:18 им беше последно на натпреварот. Од друга страна, Марин Шипиќ беше заслужен за првото водство на Хрватска со гол во 39. минута од натпреварот.

Резултатот беше изедначен до 22:22, а потоа со голоците на Иван Мартиновиќ, Звонимир Срна и Игор Карачиќ, Хрватска дојде до недостижни за Словенците три гола преднос (25:22).

Играч на натпреварот беше Марин Шипиќ со пет гола од исто толку обиди, а по пет постигнаа и Иван Мартиновиќ и Филип Главаш. Доминик Кузмановиќ имаше осум одбрани со 35% успешност. Алекс Влах беше најдобар стрелец кај поразениот тим со пет гола.

Следниот тпревар Хрватска ќе го одигра во вторник од 20:30 часот, повторно во Загреб против Унгарија. Во случај на победа, Хрватска во полуфиналето ќе игра со победникот од пресметката меѓу Франција и Египет.

Преостанатите две четвртфинални двојки се Португалија-Германија и Бразил-Данска.

Текстот Драма со среќен крај за Хрватска – Хрватите преку Словенија се пласираа во четвртфиналето е превземен од МАКФАКС.