34- годишниот К.Б. од Дебар бил приведен бидејќи заедно со уште едно лице сакал илегално да пренесе добиток преку граничниот премин Блато.

„При дадена наредба да застанат, лицата не ја почитувале и продолжиле со движење, по што испукани се три предупредувачки куршуми во воздух“, соопшти полицијата.

Лицата веднаш излегле од возилото и се обиделе да побегнат. По преземените мерки, К.Б. е лишен од слобода, а во службениот разговор признал дека нема никаква документација за превезениот добиток.

„Се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додадоа од полицијата, нагласувајќи дека инцидентот бил навремено запрен благодарение на брзата реакција на службениците.

Текстот Драма на границата со Албанија, спречен илегален шверц на добиток е превземен од МАКФАКС.