Лука Дончиќ и официјално е претставен како нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Во неделата, се случи трејдот кој го шокира кошаркарскиот свет, Добнчиќ се пресели во Лејкерси и Ентони Дејвис во Далас.
Лос Анџелес Лејкерс го претставија како нов играч и веднаш беше прашан дали знаел за трејдот и како ќе ги коментира приказните дека не сакал да прифати договор од Далас во 2026 година.
„Тоа е нивна одлука и немам коментар за тоа. Не знам што направија. Апсолутно ниту една приказна дека нема да го прифатам договорот не е вистинита“, изјави Дончиќ.
Дали има што да докажува?
„Да. Ја сакам титулата. Не доаѓате овде за ништо друго. Имам се да покажам и докажам и ја сакам титулата”, рекол Лука.
Пред неколку години во подкаст рече дека би сакал да си игра со Леброн, а сега ќе игра со него, а тренер ќе му биде Џеј Џеј Редик, авторот на тој подкаст.
„Остварен сон. Отсекогаш му се восхитував на Леброн и има многу што можам да научам од него… Мислам дека двајцата ќе ги подобриме нашите соиграчи, ќе им помогнеме на сите затоа што сме исклучително интелигентни кошаркари. Возбуден сум што ќе работиме заедно и ќе се подобруваме секој ден“.
Мислеше дека цела кариера ќе ја игра во Далас, но …
„Искрено, на почетокот беше тешко, се чувствував како да помина еден месец иако поминаа само два. Беше многу емотивно и тешко, а денес е многу подобро и среќен сум што сум тука. Ова се Лејкерс. Еден од најдобрите тимови во историјата на кошарката“, рече Словенецот и дополни.
„Сите беа изненадени, а можете да замислите колку јас бев изненаден. Кога се разбудив не можев да верувам и мислев дека е 1. април. Ова се тешки моменти за мене, но имам можност да играм за најголемиот клуб во светот и мислам дека ова е одлична можност за мене“.
Леброн го сака Дончиќ, што е исто така важно, а што му кажа?
„Веднаш ми се јави. Беше во Њујорк и не разговаравме многу бидејќи ми рекоа дека знае како се чувствувам и ми беше убаво што веднаш ми се јави и ми посака добредојде во Лос Анџелес“, вели Дончиќ.
Текстот Дончиќ за трејдот: Мислев дека е 1.април е превземен од МАКФАКС.