Лајпциг на најдобар можен начин го стартуваше натпреварот против ПСЖ, но откако не ја искористи својата шанса да замине на предност од 2:0, германскиот тим беше жестоко казнет.
Нкунку погоди за 1:0 уште во 8-та минута со глава, но само две минути подоцна, судијата покажа на белата точка и домаќините добија сериозна шанса да дојдат до осетна предност.
Португалецот Андре Силва ја презема одговорноста, но иако биеше силно и со сета сила, беше добро прочитан од Џиџио Донарума кој со фантастична парада го одбрани ударот од 11 метри.
Италијанецот спречи Лајпциг да отиде на два позитива, што му овозможи на ПСЖ брзо да се врати во игра и да израмни на 1:1.
По една добра акција на Нејмар и Мбапе, на вистинско место се најде Џини Вајналдум, кој конечно се разбуди во дресот на ПСЖ и го постигна првиот гол по големиот трансфер кој го режираше ова лето.
Пред крајот на првиот дел, Холанѓанецот одново беше во прв план, бидејќи го постигна и вториот гол за пресврт на „светците“ по лошиот старт на мечот. Погодокот прво беше поништен, но од ВАР собата сигнализираа дека ситуацијата е регуларна и голот на крајот се брои на семафорот.
Видеата може да ги видите ТУКА