реклама
Витаминот Д е еден од клучните витамини, а на многу луѓе им недостига во зимските месеци бидејќи сме помалку изложени на сончева светлина, а деновите се пократки.
Ниското ниво на овој витамин може да доведе до голем број здравствени проблеми, па затоа е важно да ги препознаете симптомите кои укажуваат на тоа.
реклама
Докторката Џенин Боуринг истакна шест јасни знаци на недостаток на витамин Д:
- Болка во глуждовите. Ако чувствувате болка во зглобовите и долниот дел на стапалата, особено веднаш по будењето, тоа може да укажува на недостаток на витамин Д.
- Мускулно воспаление. Ако се будите со болки во мускулите или вкочанетост, тоа може да укаже дека ви недостасува овој витамин.
- Вкочанет врат. Лекарот предупредува дека болката во оваа област или вкочанет врат може да биде знак дека ви недостасува витамин Д.
- Болка во колената, колковите и глуждовите.
- Хронична болка во грбот.
- Не можете да направите мала тупаница. Ваквите потешкотии се црвено знаме, а доколку го забележите овој знак, д-р Боуринг советува да го посетите вашиот лекар за да го проверите нивото на витамин Д, пренесува express.co.uk.
реклама