Натпреварите на Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка ќе се играат пред публика, а доколку некој уште има желба да ги следи овие дуели од трибините тогаш добро е да се знае дека има уште влезници во продажба.
За средбите кои Македонија ќе ги игра во Дебрецен на 13, 15 и 17 јануари билетите можат да се набават по цена од 14 до 33 евра за местата од категориите од 1 до 4, додека ВИП место е 89 евра. Ова се цени за дневен билет.
Доколку сакате да си обезбедите место за сите натпревари од првата фаза тогаш влезниците имаат поинакви цени. За шест натпревари цените од 1. до 4. Категорија изнесуваат од 37 до 89 евра, додека ВИП влезницата е 247 евра.