Свежи и млади коприви можат да се најдат во природата. За лековити цели се користат и листот и коренот.

Билката нежно се чисти од земјата и потоа се суши на место под сенка, на промаја, за колку што е можно да ја зачува својата природна боја.

Со оглед дека изобилува со моќни антиоксиданти, витамини и минерали, копривата е ефикасна во одржување на здравјето на забите и коските, еластичноста на крвните садови, чува добро помнење, ја штити простатата, ја зајакнува крвната слика, ги олеснува проблемите предизвикани од артритис. Оваа лековита билка се препорачува на лица со алергиски реакции, а пожелно е и во исхраната кај дијабетичари.

Лист од коприва е најдобар за чај.

Три до четири лажици сушен лист се прелива со половина литар врела вода, се покрива и по 15 минути се процедува. Дневно се пијат три до четири чаши. За подобар вкус, копривата може да се меша со шипинка.

Против ревматизам, копривата е ефикасна во комбинација со липа и бозел.

Се прави мешавина од еднакви делови на овие билки. Дваесет грама смеса се прелива со половина литар вода, се покрива и се вари додека не зоврие. Се процедува и по еден час пиете наместо вода.