Утринската доза на топла вода со лимонада е еден од најстарите рецепти за здравје и виткост, кој неверојатно благотворно делува на организмот.
Рецептот е едноставен – исцедете еден лимон и прелијте го со млака вода. Испијте ја течноста на празен стомак и практикувајте го ова секој ден во вашиот живот.
Оваа волшебна напивка веднаш ќе ги стимулира вашите органи за варење и ќе го прочисти организмот.
Ова се осумте придобивки од оваа здрава навика:
1. Водата и лимонот го чистат организмот и нежно ги прочистуваат бубрезите и црниот дроб од токсини.
2. Чашата сок од лимон содржи помалку од 25 калории.
3. Овој напиток е богат извор на хранливи материи како калциумот, калиумот, витаминот Ц и влакна.
4. Помага во процесот на чистење на лимфата, што е од клучно значење за исфрлање на токсините.
5. Со усвојувањето на оваа постапка во навика секојдневно ќе го чистите организмот и постепено ќе ги намалувате килограмите.
6. Со овој напиток се стабилизира количината на шеќер во крвта.
7. Овој напиток е природен антисептик и антиоксидант. Спречува грип, настинка и многу видови на инфекција.
8. Го намалува крвниот притисок и го зголемува нивото на добриот холестерол.