Пејачот Дарко Мартиновиќ, кој по потекло е Цетиње, за српски Телеграф се огласи по веста дека е во крвно сродство со убиените близнаци Марко и Милош. Тој ја потврди веста и откри дека и неговиот вујко и вујна биле убиени во масакрот вчера.
„Бевме во роднинска врска со убиените близнаци, а тој ги уби и вујко ми и вујна ми“, изјави Дарко за Телеграф.
„Бев дома, решив првпат да не работам за дочекот туку да бидам со брат ми и семејството, а синоќа требаше да излеземе во градот. Сепак, добивме страшни вести и веднаш се јавивме на роднините и пријателите да дознаеме нешто, знаете, во таа ситуација сите се изгубени. Тогаш дознавме дека се убиени нашиот вујко и вујна и браќата“, рече Дарко.
„Еден од убиените браќа има ќерка, а се надеваме дека снаата, која синоќа беше ранета и е во критична состојба, ќе се извлече“.
„Чекавме кај сестра ни и веднаш дознавме дека се убиени нашиот вујко и тетка. Ни остана уште таа сестра. Страшно. Ги молам сите луѓе да бидат солидарни во оваа најголема трагедија и да не користат разни средства за известување или пишување за оваа трагедија, ништо не е важно овде, освен страшната загуба на сите тие 12 животи“, рече тој.
На прашањето дали го познава убиецот и дали има крвно сродство со него, Дарко вели:
„Го познававме по видување, како фин човек. Не го познавав лично, но верувам дека луѓето кои беа блиски до него знаеја дека веројатно има некаков проблем, но не е мое да кажам.
Уште еднаш напоменувам дека го познавав по видување. Ова е мал град со 15.000 жители, сите се познаваме. Не сум со него во роднинска врска. Мартиновиќ сме повеќе, па презимето не значи дека сме роднински поврзани. Ве молиме да не ширите вакви дезинформации“, заклучи Дарко.
Текстот „Дознавме дека се убиени“: Дарко загуби четворица членови на семејството во масакрот во Црна Гора е превземен од МАКФАКС.