Квалификациите за Големата награда на Бразил не се одржаа според планираното поради временските услови, а постојат две опции за одредување на стартниот редослед за 21. трка од сезоната во Формула 1.

Почетокот на акцијата беше планиран за 15 часот по локално време (19 часот по македонско време), а по неколку одложувања, односно по еден час и 45 минути, беше решено тие да не се одржат.

Во спортскиот правилник не е јасно дефинирано како се одредува стартниот редослед во случај на целосно откажување на квалификациите.

Според последните информации, борбата за пол-позицијата ќе се одржи в недела наутро, доколку временските услови дозволат, или ќе се базира на резултатите од првиот тренинг бидејќи се работи за спринт викенд на „Интерлагос“.

Доколку квалификациите навистина се преместат во недела, тие мора да бидат завршени најмалку четири часа пред закажаниот почеток, што значи во 10 часот по локално време (14 часот по македонско време).

Доколку квалификациите се возат утре, терминот ќе биде 12.30 часот по македонско време.

Доколку и тогаш временските услови не се добри, пласманот треба да се одреди врз основа на првиот тренинг одржан во петокот.

Во тој случај пол-позицијата ќе ја има возачот на Мекларен, Ландо Норис, а до него ќе биде неговиот донародник Џорџ Расел во Мекларен.

Во вториот ред би биле Оливер Берман и Оскар Пјастри од Мекларен. Следуваат Алекс Албон (Вилијамс), Шарл Леклер (Ферари), Карлос Саинц (Ферари), Нико Хулкенберг (Хас), Фернандо Алонсо (Астон Мартин0, Пјер Гасли (Алпин).

Луис Хамилтон би стартувал од 16., Серхио Перез од 18., а лидерот во генералниот пласман Макс Ферстапен кој првиот тренинг го заврши на 15. место, но поради промената на моторот беше казнет со пет позиции би стартувал од последното 10.место.

Текстот Дождот ги одложи квалификациите во Бразил – Ќе се возат утре претпалдне или ќе се земат резултатите од првиот тренинг е превземен од МАКФАКС.