Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, попладнево поради акутни болки бил на преглед во Белград, по што бил хоспитализиран.

Како што е соопштено од неговиот кабинет, според првата дијагноза, по потребните подготовки, ќе има операција на хранопроводникот и желудникот.

„Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска“, се вели во соопштението, пренесува РТС.

Текстот Додик заврши во болница во Белград, ќе биде опериран е превземен од МАКФАКС.