Маркус Ферагут, претприемач од Мајорка и поранешен сопруг на Силва Капитанова, проговори за нивниот бурен развод што претходеше на нејзината врска со поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер.
Капитанова се најде во центарот на вниманието откако медиумите го поврзаа нејзиното име со поранешниот германски репрезентативец додека тој сè уште беше во брак со Ана Ивановиќ.
Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер неодамна го имаше своето прво јавно појавување со својата нова партнерка Силва Капитанова, а фотографиите од нив заедно на одмор во Грција ги преплавија социјалните мрежи.
Според бугарските медиуми, поранешниот сопруг на Силва изнесе низа обвинувања против својата поранешна партнерка во разговор со блиски луѓе. Според наводите, Капитанова често ја напуштала куќата за време на нивниот брак под изговор дека оди на тренинзи или часови по танц, додека, според Ферагут, таа всушност одела на приватни состаноци со други мажи.
„Додека јас останував дома за да се грижам за децата, таа имаше сосема различни приоритети“, наводно рекол Ферагут пред круг пријатели.
Маркус Ферагут потекнува од истакнато семејство од Мајорка, познато по својот придонес во културниот живот на островот. Неговиот дедо го основал познатиот Аудиториум Мајорка кон средината на минатиот век, а Маркус и неговиот брат Хуан денес се активни организатори на уметнички манифестации и меѓународни настани кои собираат бројни посетители од светот на културата и туризмот.
Во годините пред нивниот развод, нивниот брак беше оптоварен со низа конфликти. Медиумите претходно известуваа за краткотрајната романса на Силва со шпанскиот танчер Карлос С., кого го запознала во ноќен клуб.
Се наведува дека се забавувале околу шест месеци, но врската завршила со меѓусебни обвинувања. Капитанова поднесе тужба против Карлос за закани и вознемирување, но случајот беше затворен поради недостаток на докази. Во пресврт што следеше, таа се соочи со контраобвиненија за обид за изнуда.
Кратко потоа, Силва Капитанова и Маркус Ферагут се разведоа. Нивните синови останаа со својот татко на Мајорка, додека Силва го продолжи својот живот надвор од Шпанија. Јавноста повторно слушна за неа кога се појавија информации за нејзината врска со Бастијан Швајнштајгер.
Фото: принтскрин
Текстот „Додека ги чував децата, таа…“ : се огласи поранешниот сопруг на девојката на Швајнштајгер е превземен од МАКФАКС.