Поранешниот фудбалер на Барселона, Жуниор Фирпо кој изминатото лето си замина од „Камп Ноу“, тврди дека екс тренерот Роналд Куман ги лажел и ги понижувал фудбалерите. Фирпо од 2019 до 2021 година настапуваше за Барселона, а сега е играч на Лидс.
– Дури ја загубив желбата за фудбал додека Куман ми беше тренер. Имаше работи кои Куман не ги разбираше и често не понижуваше мене и останатите соиграчи. Тој не доаѓаше на тренинзите на резервистите на еден ден пред натпреварите. Како да се докажам на тренерот, кој дури не доаѓаше да ме гледа – изјави Фирпо, кој потоа раскажа и за еден разговор со Холанѓанецот.
– Го прашав за мојот статус во екипата, а тој почна да ме лаже. Зборуваше некои работи кои немаа никаква смисла. Ми рече дека тренирам лошо, дека не влијаам позитивно на соиграчите. Како може играч кој штотуку стигнал во екипата, може лоши да влијае на тимот кој освои се? Прашајте ги и останатите фудбалеи дали ова е вистина – додава Фирпо.
Роналд Куман во текот на сезонава доби отказ поради слабите резултати и беше заменет со легендарниот капитен на Барселона, Чави Ернандез кого го очекува тешка задача, да ги исправи грешките кои ги направи Холанѓанецот.