Додека кинескиот претседател Си Џинпинг е во посета на Србија на втората етапа од својата европска турнеја, а властите ширум Европа се борат со бран шпионски напади, за кои има сомневање дека ги спроведува Кина.
Како што пренесува „Гардијан“, експертите сметаат дека неодамнешното зголемување на апсењата и истрагите го одразува променливото расположение во Европа кон кинеските закани.
Исто така, постои загриженост дека темпото на операциите на кинеското влијание во Европа – преку традиционалната шпионажа и повеќе „сива“ активност, како што се продавање влијанија и транснационална репресија – се интензивира, бидејќи ставовите кон Кина се зацврстија во последниве години.
Британскиот премиер Риши Сунак вчера откри дека „злонамерен актер“ ја компромитирал евиденцијата за платите на британската војска, а извештаите сугерираат дека зад тоа стои Кина, наведува весникот
Во еден случај, тројца германски државјани беа уапсени под сомнение дека организирале пренос на информации за чувствителна технологија во Кина. Во друг случај, еден човек по име Џијан Г, кој работел за германски европратеник од екстремната десница, бил уапсен под сомнение за шпионажа. Максимилијан Кра, европратеник на Алтернатива за Германија, за кого работеше Џијан Г, негираше каква било вмешаност.
Во Белгија, властите во јануари отворија кривична истрага против екстремно десничарскиот политичар Франк Крејелман , откако истрага на „Фајненшел Тајмс“, „Шпигел“ и „Монд“ покажа дека тој бил користен неколку години како средство на кинеската разузнавачка служба.
Како што објави предходно ЦИВИЛ Медиа, кинеската комунистичка партија го вооружи секој аспект од своите интеракции со надворешниот свет со цел да го поткопа, порази и замени Западот како арбитер на глобалните норми. По долгогодишно слепо негирање или компромитиран молк, во изминатите неколку недели имаше забележителен пораст на вниманието на западните медиуми за тоа колку далеку и брзо напредува овој процес.
Кина под Џинпинг ги користи сите ранливости што може да ги најде или создаде во либералните западни општества. Нејзините тактики вклучуваат принудна дипломатија, прокси војна преку непријателски држави, политичка шпионажа и операции за влијание, дезинформации и пропаганда, кражба на податоци, сајбер напади и повеќе во остварувањето на нејзините цели. Ова е класична хибридна војна, за која Си веќе нареди „борбена готовност“.
Д. Мишев