реклама

Овен

Влегувањето на Сонцето во Лав ви носи наплив на оптимизам, енергија и ентузијазам, доколку вашата работа бара креативност, издржливост и истрајност. Поради ретроградното движење на Венера, кое управува со вашиот љубовен живот, тензијата во односот со партнерот се намалува.

реклама

Бик

Вашиот владетел Венера, планетата на љубовта, денес оди ретроградно низ вашето астролошки поле на општествениот живот, носејќи ви средби со стари симпатии. Размислувате за брак, а ако веќе сте во брак, за купување стан.

реклама

Близнаци

Со влегувањето на Сонцето во вашата астролошка куќа на комуникација, се поблиску сте до реализација на нешто за што долго сонувавте, планирате работни места и пократки патувања. Ретроградното движење на Венера, симболот на љубовта и парите, влијае на стабилизирање на односот со саканата личност.

реклама

Рак

Денес Венера оди ретроградно преку креативниот знак Лав, вашето поле на работа и пари, а ќе ѝ се придружи и Сонцето кое ви дава можност на најдобар можен начин да ги пласирате своите таленти и знаење. Обрнете внимание на начинот на кој јадете.

Лав

Со вашиот владетел Сонцето во куќата на личноста, која веќе ги има Меркур и Венера, вие сте многу омилени и популарни во општеството. Добрите аспекти на ретроградната Венера со планетите на имагинацијата, просперитетот и парите носат успех и зголемен приход на спортистите и актерите.

Девица

Венера, планетата која управува со вашиот деловен и љубовен живот, оди ретроградно кон вашиот владетел Меркур и Црната месечина Лилит на полето на имагинацијата и потсвеста. Затоа се повеќе размислувате за некој кој долго време ви го привлекува вниманието.

Вага

Вашиот владетел, Венера, се враќа назад кон Меркур во астролошката куќа на општествениот живот, носејќи ви средби со симпатии од младоста, но и обновување на некои контакти на социјалните мрежи. Месечината во вашиот знак ве прави почувствителни.

Шкорпија

Спротивноста меѓу вашиот владетел Плутон и Сонцето во знакот Лав, во која „паѓа“ астролошкото поле на кариера, ја поттикнува вашата амбиција во врска со голем деловен проект. Подготвени сте да се соочите со конкуренцијата што ви стои на патот.

Стрелец

Тајната романса со атрактивна личност може да ве оптовари до тој степен што ќе се обидете што побрзо да најдете излез од таа ситуација. До средината на август ќе ви биде тешко да се справите со љубомората и посесивноста на партнерот. Проверете ја тироидната жлезда.

Јарец

Сонцето во знакот Лав ви носи поголема заработка од очекуваната и непланирани трошоци. Нагласените астролошки полиња на љубовта и надвор од неа, навестуваат романтична средба со љубов од младоста, а младите Јарци со постара личност. Несоница.

Водолија

Позицијата на Венера, планетата на работата и парите, која денес се движи ретроградно, кога и Сонцето ќе влезе во вашата седма астролошка куќа, совршено одговара за вас, што поволно влијае на договорите со деловните партнери. Можна е кратка дискусија со саканата личност.

Риби

Нагласената астролошка куќа на работата, секојдневието и здравјето, во која денес влегува Сонцето, одговара на февруарските Риби кои се занимаваат со уметнички професии, медицина, алтернативна медицина, фармација, услужни дејности. Зголемено ниво на шеќер во крвта.

реклама