Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија изјави дека сè уште зема лекови за да се справи со притисокот и разочарувањето од загубите во три последователни финалиња на големите натпреварувања со националниот тим.

Ди Марија го освои Светското првенство во Катар со Аргентина во 2022 година, а Копа Америка во САД две години подоцна, откако загуби две финалиња на Копа Америка и финалето на Светското првенство во 2014 година во период од три години.

„Затоа се уште пијам лекови. Успеав да ја намалам дозата. Многу сум подобар, но тоа е нешто што создава зависност… Тоа се работи кои остануваат со вас, кои ве обележуваат“, изјави Ди Марија за „Infobae“.

Тој додаде дека му е жал за многуте поранешни репрезентативци кои не успеаја да ја освојат титулата со Аргентина.

„Кој се сеќава на момците кои стигнаа до финалето на Светското првенство, а не победија? Малкумина и ми изгледа неправедно. Кој зборува за тие деца? Никој. Малкумина можат да ви кажат како играле. Многупати го кажав тоа кога станавме светски шампиони, кога ја освоивме Копа Америка, секогаш велев дека овие трофеи се освојувани благодарение на претходната генерација“, изјави Ди Марија.

Тој минатото лето се повлече од репрезентацијата и рече дека не жали. За Аргентина одигра 145 натпревари и постигна 31 гол.

Текстот Ди Марија: Сè уште пијам лекови за поразите во финалните мечеви со Аргентина е превземен од МАКФАКС.