Европската унија мора да престане да се лаже себе си за Западен Балкан и наместо вештачки да ја одржува илузијата за пристапување мора недвосмислено да му каже на регионот дека нема да има полноправно членство, пишува германскиот весник Ди Велт.
„Едно е сигурно: Европејците темелно го нарушија проширувањето кон Западен Балкан. Но, за тоа не е одговорен само Брисел, туку и земјите-кандидати. Беше сериозна стратешка грешка да се вети дека ќе ве приклучиме: огромни очекувања, кои не можат да се исполнат“, пишува весникот.
Во својот коментар, Ди Велт проценува дека трошоците за интеграција во случајот на Западен Балкан би биле толку високи што борбата околу распределбата на тие трошоци ќе ја еродира инаку кревката Унија. Според весникот, Европејците се должни да ја кажат вистината за да не предизвикаат дополнително разочарување кај луѓето и последователно да го дестабилизираат регионот.
Од друга страна, балканските шестмина се во „маѓепсан круг на лошо управување и економска и социјална беда“ што доведе до иселување и губење на квалитетот, но и до „растргнати општества со корумпирани структури, криминалот беснее до највисоките нивоа на владини и полуавтократски лидери како Александар Вучиќ, Еди Рама и Мило Ѓукановиќ “, пишува Ди Велт.
„Срамота е што ЕУ им ласка на актерите како што е српскиот претседател Вучиќ – кој постојано ја фали Кина, одржува маневри со Русија, има министер за надворешни работи што ги негува фантазмагориите за Голема Србија, брутално се однесува кон опозицијата на неговата земја и одржува договор за слободна трговија со Евроазиската економска заедница, во која доминира Русија“, пишува весникот.