Кинеските хакери се подготвуваат да „направат хаос“ и „да направат штета на Американците, предупреди директорот на ФБИ Кристофер Вреј во сведочењето на Конгресот поднесено денеска, пренесува Еј-Би-Си-Нјуз.
Директорот Вреј, заедно со генералот на американската сајбер командата Пол Накасоне, директорката на Агенцијата за сајбер-безбедност и инфраструктурна безбедност на Одделот за домашна безбедност, Џен Истерли и Хари Кокер, директорот на канцеларијата на националниот сајбер директор, ќе сведочат пред Одборот на Претставничкиот дом на кинеската комунистичка партија.
„Премал е фокусот на фактот дека хакерите од НР Кина ја таргетираат нашата критична инфраструктура — нашите станици за третман на вода, нашата електрична мрежа, нашите нафтоводи и природен гас, нашите транспортни системи. Ризикот што го претставува сето ова за Американецот го бара нашето целосно внимание“, вели Вреј во избраното сведочење објавено од ФБИ пред сослушувањето.
Тој вели дека тие „ја напаѓаат нашата економска безбедност, се занимаваат со кражба на големо на нашата иновација и нашите лични и корпоративни податоци“.
Додека Вреј постојано алармира за тоа колку Кина претставува закана за Соединетите држави, другите членови на администрацијата, вклучително и претседателот Џо Бајден, се обидуваат да ги смират тензиите со Кина.
Министерството за правда има отворено неколку случаи против кинески хакери во минатото со најновиот случај во 2021 година.
„Тие ги таргетираат нашите слободи, стигнувајќи внатре во нашите граници, низ Америка, за да ги замолчат, принудат и да им се закануваат на нашите граѓани и жители“, вели тој.
Подготви: Марта Пешевска