Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции на земјава, Никола Димитров, на самитот на Западен Балкан организиран од Економист, денеска кажа дека освен јасната порака од ЕУ дека регионот треба да се интегрира, недостига конкретно дејствување, акција на терен за тоа и конкретно да се случи.

Тој нагласи дека Србија и Црна Гора веќе имаат отворени поглавја, а одлука дека Северна Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите е донесена уште во март 2020 година.

„Се уште не можеме да ги почнеме преговорите, иако се нагласува дека овие две земји ги имаат исполнето условите, односно дека тие се испорачани. Враќањето на вербата на луѓето овде во европската иднина и дека таа е можна, ќе зависи од тоа дали ќе има конкретна акција. Не е фер да се обвини ЕУ за ова, бидејќи таа е компромисна организација од 27 земји членки, недостига уште една. Соседна Софија треба да ја преземе својата обврска. Зборуваме за заедничка историја, но треба да сфатиме дека постои заеднички регион и заедничка иднина на овие држави овде. Време е да се покаже одговорност и лидерство. За доброто на сите Софија треба да ја преземе својата обврска“, рече Димитров.

Тој нагласи дека ЕУ е најголем партнер, и трговски и економски на Западен Балкан.

Извор Фактор