
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ го продолжи договорот со рускиот Уникс Казан. И покрај тоа што имал понуда од евролигаши, Димитријевиќ потпиша нов двегодишен договор со Уникс и ќе остане да игра во ВТБ лигата.
Македонскиот кошаркар во Уникс дојде пред почетокот на сезоната 2022/23 и стана шампион на ВТБ лигата, а беше прогласен за МВП на плеј-офот. Одличен настап на нашиот кошаркарски ас во дебитантската сезона.
Претходно Димитријевиќ играше за Валенсија и за Хувентут од Бадалона.