Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, Даниел Димевски, преку најголемата спортска институција ја продолжи конфронтацијата со Борко Ристовски. На официјалниот фејсбук – профил на Македонскиот Олимписки Комитет, осамна т.н. „реторички прашалник“ во кој се вели дека „секој поединец треба да изгради свој личен став на темата која не е пријатна за никого, но е корисна за влечење поуки и заклучоци.
Наведено е дека се работи за личен став на Даниел Димевски, но објавено преку официјалниот Фејсбук профил на Македонскиот Олимписки Комитет.
Ова откако Борко Ристовски претпладнево одржа прес – конференција, најави дека ќе поднесе тужба во Лозана против Даниел Димевски и МОК, и дека ќе бара максимална отштета од 230.000 евра, која потоа ќе ја донира хуманитарно, како помош за ФК Вардар и за РК Вардар.
Едно од прашањата е посебно интересно, а гласи: Дали би се однесувал Борко исто да немаше политичка поддршка и дали нешто кажал пред да почне политичка агенда?/Маkfax/