-Сите гласачки места во казнено-поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 17 часот. До овој момент гласањето тече без проблеми“-информираше на прес-конференција претседателот на Државната Изборна Комисија, Александар Даштевски.

Во установите за вонсемејно згрижување своето право на глас може да го остварат вкупно 351 гласач.

Инаку, денеска ќе гласаат лицата кои се болни и немоќни, или во куќен притвор.