Сенегалецот Ламине Диак својата кариера ќе ја продолжи во Франција, каде стави потпис на договор со култниот Нант.
22-годишниот играч за врска од сезона во сезона напредува во својата кариера, а преминот во Нант е само доказ плус за тоа. Диак е добро познат и на македонската фудбалска јавност, затоа што во периодот од 2019 до 2021 го носеше дресот на тимот на Шкупи.
Сенегалецот во тој период беше еден од најдобрите фудбалери на чаирчани, одигра повеќе од педесет натпревари за Шкупи и, благодарение на своите одлични партии за очекување беше негов трансфер во поголем клуб, но ретко кој очекуваше дека само две години подоцна ќе се најде во составот на големиот Нант.
По заминувањето од Шкупи тој играше уште за Тузсласпор, потоа и за Анкарагучу од каде се пресели во француската Лига 1.