Американскиот актер Роберт де Ниро изрази поддршка за својата трансродова ќерка, Ејрин.
Де Ниро изјави за „Дедлајн“ дека го сакал и поддржувал Ејрон како свој син, а сега ја сака и поддржува Ејрин како своја ќерка, објави „Гардијан“.
Наведувајќи дека „ниеден родител не е совршен“, Ејрин им се заблагодари на Де Ниро и на нејзината мајка, моделот Туки Смит, што ја држеле подалеку од очите на јавноста за да може да има нормално детство.
Eјрин претходно даде интервју за онлајн ЛГБТК списанието „Дем“ во кое опиша како станала трансродова и дека чувствувала извесен страв и вознемиреност поради реакциите на нејзиното семејство.
„Дел од мене се плаши дека моето семејство можеби сè уште ме гледа како личноста што бев пред транзицијата“, рече таа.
Текстот Де Ниро проговори за трансродовата ќерка: „Ниеден родител не е совршен…“ е превземен од МАКФАКС.