Давид Дејвис против хрватски Нексе ќе го има на своето деби на клупата на актуелниот ракометен шампион Вардар. Во пресрет на отворањето на СЕХА сезоната и натпреварот со хрватскиот тим Дејвис изјави дека го неговиот тим го чека голема борба против екипа која што игра квалитетно и е предводена од одличен тренер.

„Немав многу време за да направам поголеми промени во тимот. Напорно и посветено се подготвуваме за дуелот со Нексе. Знаеме за каков тим станува збор. Игра одлично и има многу добар тренер и добри играчи. Мојот прв натпревар ќе биде многу тежок.Гаџа и Валчек на располагање ги имам само неколку дена. Овој дуел доаѓа во незгодно време, затоа што тимот не е влезен во натпреварувачки ритам. Ќе беше многу подруго ситуацијата ако беше спротивна и ако имав повеќе време за подготовки“, реча шпанскиот стратег.

Натпреварот меѓу Вардар и Нексе Нашице се игра утре во „Јане Сандански“, со почеток од 18:00 часот.

foto:gol.mk