Франција е во тешка позиција да дојде до завршниот турнир во Лигата на нации. Во четвртокот Французите загубија од Хрватска во Сплит со 2:0.
Навивачите, новинарите и поранешните играчи го посочуваат мечот со Хрватска како последен доказ дека репрезентацијата која можеби е најсилната во светот по според имињата што ги има во тимот, долго време игра далеку под нивото на кое треба да биде.
„Франција разочара против Хрватска, но тоа е така долго време. Истиот впечаток го оставија и на ЕП минатото лето, иако стигнаа до полуфиналето. Не е ни чудо што Хрватска победи убедливо“, истакнуваат од „RMC“, пишувајќи за гостувањето на поранешниот голман Лионел Шарбоние во емисијата „After Foot“.
Шарбоние е легенда на Оксер во 90-тите, а по освојувањето на француската дупла круна со тој клуб, ги освои и сите шкотски трофеи со Ренџерс. Има злато и со Франција од СП 1998, иако не одигра натпревар на првенството, бидејќи неприкосновен на голот во тој период беше Фабијан Бартез.
„Дешам го губи тимот. Тоа го видов на Европското првенство. Неговата порака повеќе не допира до играчите. Тој ја изгради својата легенда на обединување на луѓето околу него, но веќе не може да го направи тоа. Главниот проблем е што му ја даде капитенската лента на Мбапе, а тоа е затоа што тој самиот се назначи за капитен. Не го критикувам Килијан и го сакам ДД, но веќе не го препознавам.
„Мбапе е човек кој носи поделба. Франција денес е поделена помеѓу играчи кои се за Мбапе и против него. Во историјата на француската репрезентација, големите капитени беа природно такви. Мбапе не стана таков. Не разбирам како ДД може да стави човек кој ги дели луѓето. Забележливо е дека загубивме многу со заминувањето на Гризман. Мбапе ја доби капитенската лента затоа што ја бараше, а не затоа што ја заслужи. Виновен за тоа е ДД“.
Текстот „Дешам ја загуби репрезентацијата, а Мбапе ја подели“ е превземен од МАКФАКС.