МВР со детали за вчерашната сообраќајна несреќа што се случи кај Бит Пазар, а во која учествуваа автомобил и велосипедист.
„На 08.07.2025 во 13.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната С.А. и велосипед управуван од А.Ј.(32), двајцата од Скопје“, велат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Текстот Детали за сообраќајната несреќа кај Бит-пазар: велосипедистот со тешки повреди пренесен во болница е превземен од МАКФАКС.