На денешен ден пред точно 10 години, Дејан Недев ја освои првата европска титула во традиционално карате во најтешката дисциплина (борби-кумите) во сениорска конкуренција, на 30. ЕТКФ Европски шампионат во Ерусалим, Израел.

– Овој историски резултат ќе остане засекогаш запаметен бидејќи е прв златен медал во историјата освоен на едно вакво големо европско натпреварување. Дејан Недев во финалето успеа да го победи Роман Лукианетс од Украина, а предходно ги победи преставниците на Полска, Кипар, Литванија и Романија. По овој резултат Дејан Недев се стекна со највисокото Национално спортско признание што му го додели нашата држава, информираат од МТКФ.

Дејан Недев и ден денес е активен спортист, натпреварувач и тренер кој пред две недели во Белград на 35. ЕТКФ Европски шампионат ја освои осмата европска титула по ред во дисциплината кати поединечно.