Десетици севернокорејски војници ја преминаа границата со Јужна Кореја, а потоа се повлекоа откако беа предупредени, соопштија воени претставници во Сеул.
-Десетици севернокорејски војници ја преминаа воената демаркациона линија и се повлекоа на север откако беа испукани предупредувачки истрели од југ, според официјални извори, пренесе Бета.
Упадот на севернокорејските војници беше неколку часа пред рускиот претседател Владимир Путин да пристигне во државна посета на Северна Кореја.
Во одделен инцидент, неколку севернокорејски војници беа повредени од експлозии на нагазна мина додека работеле во близина на границата, соопшти јужнокорејската војска.
Извор: МИА