Фото/ facebook.com/fcshkendija
Пет натпревари се одиграа попладнево во рамките на 13.коло во Првата македонска фудбалска лига. Колото вечерва ќе го комплетира пресметката во Битола меѓу Пелистер и Вардар.
По оваа рунда Работнички остана лидер, но неговата предност се стопи на само еден бод. „Романтичарите“ втора рунда по ред одиграа натпревар без голови.
Попладнево ремизираа во дербито на колото со Шкендија во Скопје. Нерешениот резултат на Работнички и Шкендија, го искористија Силекс и Гостивар, кои со минимални гостински победи кај АП Брера, односно Шкупи, дојдоа на бод минус од лидерот.
Во трката за титулата се врати и актуелниот првак Струга ТЛ со победата 2:1 на гости кај Беса 1976. Струѓани имат три бода помалку од Работнички.
Резултати, 13. коло:
Работнички-Шкендија 0:0
АП Брера-Силекс 0:1
Беса 1976-Струга ТЛ 1:2
Шкупи-Гостивар 0:1
Воска спорт-Тиквеш 0:0
Табела:
Текстот Дербито во Скопје без победник, гостински победи за Силекс, Гостивар и Струга е превземен од МАКФАКС.