На 29 август, Украина го одбележува Денот на сеќавање на бранителите на Украина, кои загинаа во борбата за независност, суверенитет и територијален интегритет на Украина. Со овој датум е поврзана една од најтрагичните епизоди на руско-украинската војна пред инвазијата од големи размери – подмолниот напад врз украинските војници при опколувањето кај Иловајск.
На 29 август 2014 година, агресорот отвори оган врз нашите бранители во сончогледовите полиња за време на „зелениот“ коридор. Таму загинаа 366 украински војници, 429 беа ранети, 158 исчезнаа, 300 беа заробени. Затоа, симболот на Денот на сеќавањето на бранителите на Украина стана цветот на сончогледот. Тој не е само потсетување на историската храброст на нашите војници, туку го симболизира и животот.
Украина веќе 10 години минува низ најголемиот тест во модерната историја – води вооружена борба за независност и територијален интегритет против рускиот агресор. Воената агресија на русија против Украина започна во февруари 2014 година со окупацијата на полуостровот Крим. Во март 2014 година, руските специјални служби и диверзанти почнаа да ја дестабилизираат ситуацијата во јужните и источните области на Украина, организирајќи фингирани антиукраински собири и обиди за создавање на нелегални квази-државни ентитети. Како одговор, патриотските украински сили се спротивставија со масовни акции со цел да го зачуваат територијалниот интегритет на државата.
Денот на сеќавање на бранителите на Украина е посебно почитување на споменот на оние кои за Татковината го дадоа највредното нешто – нивните животи. Нашиот непријател, рускиот агресор, е секогаш подмолен, предавнички и смртоносно опасен. Наспроти тоа, храброста, бестрашноста и самопожртвуваноста на Украинците секогаш водат кон одвраќање на злосторничките намери и пораз на непријателот.
Слава на Украина!
На Хероите Слава!
Амбасада на Украина во Република Северна Македонија