Раководството на Манчестер јунајтед во текот на денот ќе одржи клучен состанок на кој ќе се одлучува за иднината на тренерот Ерик тен Хаг, пренесува „Гардијан“.

Одлуката за судбината на холандскиот стручњак ќе биде донесена во присуство на еден од косопствениците на клубот Џим Ретклиф, директорот за фудбалски операции Омар Берада, спортскиот директор Ден Енсворт и техничкиот директор Џејсон Вилкокс.

Британските медиуми шпекулираат дека во случај Тен Хаг да добие отказ, функцијата привремен тренер би можел да ја преземе неговиот сегашен помошник и поранешен напаѓач на Јунајтед, Руд ван Нистелрој.

Ретклиф минатата недела изјави дека „го почитува Тен Хаг“, но и дека нема директно влијание врз неговата судбина во клубот.

Сепак, по ремито со Астон Вила во последното коло, Јунајтед има само осум бода од седум натпревари, што е најлош старт на сезоната во историјата на клубот, во Премиер лигата.

Тен Хаг требаше да добие отказ и минатата сезона, но го освои ФА Купот со победата над Манќестер сити во финалето и успеа да ја задржи работата.

Во случај клубот сепак да одлучи да го отпушти поранешниот тренер на Ајакс, Манчестер јунајтед ќе биде обврзан да му плати 19 милиони евра.

Текстот Денот „Д“ за Ерик Тен Хаг е превземен од МАКФАКС.