Актерката Денис Ричардс, е видена како разговара со полицијата откако неочекувано влегла во куќата на нејзиниот поранешен сопруг, Арон Фајперс, и покрај тоа што има изречена забрана за приближување.

Според медиумски извештаи, Ричардс во неделата попладне упаднала во куќата во Калабасас, Калифорнија, каде што моментално живее Фајперс со неговите родители и брат, наводно за да го земе својот милениче – куче. Извор близок до настанот изјавил за „ТМЗ“ дека таа тропала на задната врата, по што родителите на Фајперс ѝ отвориле. Потоа, според истиот извор, таа почнала да им вика да ја напуштат куќата.

Се тврди и дека 54-годишната актерка им покажувала со прст на родителите на нејзиниот поранешен сопруг, се обидела да го удри неговиот брат, а наводно фрлала и пошта кон зетот.

Полицијата по интервенцијата заклучила дека нема основано сомнение за кривично дело и не презела дополнителни мерки.

Адвокатот на Ричардс, Брет Берман, негираше каква било вина на својата клиентка. За магазинот People изјави дека Ричардс не ја прекршила забраната за приближување бидејќи претходно се уверила дека Фајперс „не бил присутен во нејзината куќа“.

„Госпоѓа Ричардс влезе во куќата за да си го земе кучето откако дозна дека господинот Фајперс, без нејзино знаење и дозвола, успеал да однесе едно од нејзините миленичиња“, рече Берман.

Од друга страна, извор близок до Фајперс ги нарече овие тврдења „100 отсто лажни“.

Ова е само последниот развој во контроверзната врска меѓу Ричардс и Фајперс. Минатиот месец, актерката доби привремена забрана за приближување до Фајперс, откако тој поднесе барање за развод по шест години брак.

Ричардс го обвини Фајперс за психичко и физичко насилство, тврдејќи дека ја удирал, ја давел и ѝ се заканувал со убиство.

Претставниците на Денис Ричардс сè уште не дале официјална изјава за медиумите.

Текстот Денис Ричардс упаднала кај поранешниот по кучето, има забрана за приближување е превземен од МАКФАКС.