Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 декември.

Денеска е Св. маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и Аријан.

Тирс и Левкиј беа родум од Кесарија. Пострадаа за време на император Декиј, во средината на третиот век. Гледајќи го нивното сведочење во текот на измачувањата, еден незнабожечки жрец Калиник, се обрати во верата и пострада заедно со нив. Филимон и Аполониј, пак, пострадаа за време на царувањето на Диоклецијан, во Египет. Уверен во Христовата вера преку нивното сведоштво, заедно со овие двајца пострада за Христа и самиот хегемон Аријан.