Денес Црквата го слави пренесувањето на моштите на свети Ѓорѓи во Лида Палестинска, родното место на неговата мајка.

Празнувањето на преносот на моштите е пракса која укажува дека Црквата верува не само во воскресението на душата, туку и на телото, т.е. во воскресението на целиот човек.

За време на император Констанин во Лида беше подигнат храм, посветен на свети Ѓорѓи, во кој беа сместени чудотворните мошти на овој светител.