Денвер Нагетс уште еднаш покажа дека без Никола Јокиќ е просечен НБА тим. Нагетс загубија од Портланд 109:128. Изминатата ноќ во НБА лигата ја обележа Кевин Дурент кој го растури водечкиот тим во лигата, Кливленд Кавалирс.

Никола Јокиќ не игра поради повреда на лактот. Нагетс без него загубија два од последните три натпревари. Изминатата ноќ ги растури Дени Авдија. Синот на легендата на Црвена звезда, Зуфер Авдија, натпреварот го заврши со 36 поени, осум скока и седум асистенции.

Покрај Авдија се истакна Шедон Шарп со 23 поени и шест скока, а го следеше Делано Бантон со 19 поени, додека по 16 постигнаа Тумани Камара и Скут Хендерсон.

Кај Денвер Нагетс се истакна Ентони Гордон со 23 поени, три скока и четири асистенции, а го следеше Расел Вестбрук со 18 поени, четири скока и четири асистенции.

Кевин Дурент постигна 42 поени, шутираше 29 пати и погоди 17, а придодаде и шест скока и осум асистенции. Неговиот Феникс победи против Кливленд 123:112. Кавалирс во финишот на сезоната влегоа во криза, ова за нив беше третиот пораз на последните четири натпревари.

Резултати:

Вашингтон – Орландо 105:120
Мајами – Хјустон 98:102
Минесота – Њу Орлеанс 134:93
Оклахома – Шарлот 141:106
Сан Антонио – Филаделфија 128:120
Далас – Детроит 123:117
Јута – Бостон 99:121
Феникс – Кливленд 123:112
Портланд – Денвер 128:109
ЛА Клиперс – Мемфис 128:108

Текстот Денвер без Јокиќ немаше шанси против Авдија и Портланд, Дурент го растури Кливленд е превземен од МАКФАКС.